Холандската влада ќе им дозволи на лекарите да прават евтаназија на смртно болни деца на возраст од една до 12 години.
Министерот за здравство на земјата, Уго де Јонг, рече дека е неопходна промена на регулативата за да им се помогне на „мала група на смртно болни деца кои агонираат без никаква надеж и неподносливо страдање“.
Владата проценува дека новите правила, со што ќе се отстрани заканата за гонење на лекарите, ќе влијаат на пет до 10 деца годишно кои не се надеваат на подобрување на нивната состојба.
Белгија стана првата земја што дозволи доброволна евтаназија кај децата во 2014 година кога донесе закон за да се дозволи еутаназија во случаи кога младиот пациент беше крајно болен и имаше големи болки. Две белгиски деца на возраст од девет и 11 години, станаа први со еутаназија во 2016 и 2017 година.
Извор: Theguardian.com