–Со цел да се заштити интегритетот на Косово, почитувајќи го партнерството со меѓународната заедница, денес се повлекувам од функцијата претседател. Се чувствувам многу горд на оваа одговорност што ја носев. Во овие нови околности, ги повикувам политичките сили да внимаваат да не се продлабочуваат во скапа или институционална криза, земјата нема време да изгуби, да се одржи смиреноста – изјави Тачи.
За потсетување, обвинението против Тачи, Весеj и девет припадници на ОВК беше поднесено од Специјализираното обвинителство до Специјализираните совети на Косово на 24 април, а шестмесечниот рок за негова потврда истече на 24 октомври.
Одлуката за потврдување на обвинението требаше да ја донесе судијата на претходна постапка, така што тој или го потврди или го врати на обвинителството за дополнување или го отфрли.
Тачи, Весеjи и други осомничени се обвинети во април за голем број воени злосторства на Косово, вклучувајќи скоро 100 убиства.
Жртви на кривичните дела од обвинението се стотици лица чиј идентитет е познат, меѓу кои има косовски Албанци, Срби, Роми и лица од други националности, како и политички противници, објави претходно Специјализираното обвинителство.
Потсетуваме, специјалниот суд во Хаг го потврди и обвинението против Кадри Весеjи, а тој во моментов се наоѓа во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина, од каде денес треба да биде префрлен во Хаг.