Хајрија Рамадани е претседателка на Здружението за заштита на жртвите на насилството „Хајр“ во Република Србија. Здружението „Хајр“ активно се занимава со пружање на помош и поддршка на жртви на сите облици на насилство, не само во Србија, туку и во регионот.
Ви интервјуто за „Мој збор“ Хајрија Рамадани откри на кој начин може да се помогне на различни категории жртви на насилство, како изгледа насилникот, кои се облиците на однесување кои насилникот ги има кон жртвата, како и пристап и соодветен третман на насилниците во општеството.
Насилството во некои социјални средини како да е „нормална појава“ па така, ако сопругот ја удри сопругата, тоа се смета за начин на решавање проблеми во бракот, или за врсничкото насилство често родителите ќе кажат „ајде па тоа се деца, повторно ќе се смират“. Тој laisse-faire однос кон насилството во воспитанието, образованието и комуникацијата се чини прави многу проблеми. Колку општествените фактори го стимулираат насилството?
Хајрија: Кога станува збор за било каков вид на насилство, денес малку се зборува за тоа колку треба да се каже во спротивно, некако кога се спомнува насилство, многумина гледаат настрана.
Не можеме со сигурност да кажеме дека социјалниот фактор поттикнува насилство, но премолчувањето на насилството само уште повеќе го поттикнува и одобрува насилството.
Вообичаено, законодавството во Македонија посветува поголемо внимание на жените жртви на насилство и како може законите да не бидат дизајнирани да ги заштитат машките жртви на семејно насилство? Каква е состојбата во Србија во однос на родовото насилство? Дали во правниот систем се препознаваат доволно жртви на семејно насилство?
Хајрија: Во Србија и двата пола, и жените и мажите, секако се заштитени со еднакви права. Секако, според статистичките податоци и истражувањата, има помалку мажи кои се жртви на насилство.
Иако мора да имаме на ум дека мажите на Балканот се различни и дека можеби е срамота да се каже дека трпат насилство. Затоа нашето здружение „ХАЈР“ не прави разлика и подеднакво даваме помош и поддршка на сите.
Како можеме да ги обучиме децата жртви на насилство да се справуваат со насилство, да го препознаат и да го пријават? Сведоци сме дека децата се чести жртви на семејно насилство, директно или индиректно, но и на насилство од врсници. Што треба да се направи во случај на деца жртви на насилство, во услови кога тие не можат да го пријават насилството?
Хајрија: Децата секако се посебна категорија, тие се најранливи и им треба посебно внимание. Според советите на психолошкиот тим што го има здружението „ХАЈР“, со децата треба да работите уште од мали нозе, да ги научите да не прават разлика кога се среќаваат со деца од друга вера, националност или пол.
Се обидуваме да ја подигнеме свеста преку штандовите, соработуваме и ќе соработуваме со училишта каде преку разни едукации, предавања и креативни работилници ќе ги учиме децата да не бидат насилници.
Училишните психолози и воспитувачи треба да се вклучат и да забележат кога детето страда од врсници или семејно насилство. Треба да се поврзат и со други институции, т.е. со центарот за социјална работа, полицијата и судството, кои треба многу брзо да реагираат.
На кого му е повеќе потребна рехабилитација и ресоцијализација на жртвата на насилството или на насилникот?
Хајрија: Жртвата која претрпела насилство е прилично психички исцрпена и треба да се зајакне и поддржи. Кога жртвата ќе стане посилна, таа е во состојба да си докаже себеси, а и на насилникот дека насилникот треба да се срами од неговото нечовечко однесување.
На насилникот му е потребно задолжително лекување, бидејќи ниту еден нормален човек не врши насилство и не се заканува никому. Значи, на сторителот навистина му е потребна психолошка, па дури и психијатриска помош, бидејќи е опасен не само за жртвата, туку и за околината. Насилникот обично ја бара следната жртва.
Дали постои некоја листа на карактерни црти што ги има насилникот по кои можеме да го препознаеме и која е најдобрата метода да се справиме со него (екскомуникација, игнорирање, соочување со неговите дела, санкционирање или сл.)?
Хајрија: Насилниците се големи манипулатори и преку нашата работа е докажано дека најчесто тие се тие што ја избираат жртвата.
Системот на насилници обично е таков што жртвата прво се изолира од роднините, пријателите, колегите и соседите.
Потоа почнуваат да ја кршат самодовербата на жртвата со тоа што ја навредуваат и убедуваат дека никој не и се јавува, дека никој не е заинтересиран за неа и дека жртвата е безвредна, што подоцна ескалира не само психичко насилство, туку и економско и физичко насилство.
Насилниците се различни, немаат посебна ментална структура. Но, меѓу насилниците имаме луѓе кои се високо образовани, кои имаат сопствен бизнис и кои никогаш не би помислиле дека се насилници, иако имаме и насилници кои се спротивни од овој профил
Насилникот не треба да се игнорира, туку веднаш да се пријави во надлежната служба и со тоа да му се даде до знаење дека жртвата не е слаба и дека ги знае своите права каде сите институции треба да му помогнат и да реагираат во борбата против насилството.
Во која од овие две реченици има поголема вистина: Сите социопати/психопати се насилници или Сите насилници се социопати или психопати?
Хајрија: Не можеме да ја утврдиме дијагнозата и не можеме да ги дефинираме сторителите дали се социопати или психопати, но она што го знаеме е дека нема лек за омраза и агресија, но се надевам дека здружението „ХАЈР“ ќе го намали процентот на насилство со своите активности и со помош на добри луѓе жртвите ќе се движат без страв.
На насилникот дефинитивно му е потребна соодветна стручна помош и контрола.
Интервјуто го реализираше: Магдалена Стојмановиќ