Сите вакцини, дури и оние кои не се одобрени од Европската агенција за лекови, ќе бидат признати од Грција за влез, објави „Катимерини“, повикувајќи се на претставник на здравствената комисија, кој ја советува владата за прашања поврзани со пандемијата.
Вана Папаевангелу рече дека одлуката е донесена по препорака на комисијата.
Вакцините што ќе бидат признаени се Новавакс, Синовак, Спутник V, Синофарм и КанСино.
Папаевангелу истакна дека туристите може да влегуваат во Грција, преку копнените граници, а услов е да бидат вакцинирани со двете дози од која било од горенаведените вакцини.
Исто така, вработените во хотелите и услужниот сектор, имаат обврска да бидат вакцинирани со двете дози на вакцини.
Туристите ќе мора да се придржуваат и до постојните протоколи за здравствена заштита што важат таму.