Кога посетувате ново место вашето искуство е под големо влијание од расположението на локалното население и од тоа колку се пријателски расположени и дружељубиви.

Магазинот „Тајм аут“ го спроведе своето годишно истражување на светските градови, каде што повеќе од 20.000 луѓе беа прашани за храна, пијалак, култура, социјален живот и одржливост во нивните градови.

Врз основа на сето ова, Глазгов е прогласен за најпријателски град, бидејќи 78 отсто од неговите жители сметаат дека нивниот град е пријателски. На второ и трето место се Манчестер и Даблин, но немаше преголема разлика во гласовите, па отвореноста и ведриот дух на мештаните ќе ги најдете и таму. На другата страна е Париз, бидејќи само 8 отсто од неговите жители се сметаат себеси за пријателски расположени, а сличен е случајот и со Токио и Мексико Сити, каде оваа бројка е 20 отсто.

Шкотска, исто така, се снајде добро во индексот на градови на списанието. А кога станува збор за други градови чии жители се сметаат себеси за отворени, весели и пријателски расположени, листата изгледа вака: Глазгов, Манчестер, Даблин, Порто, Чикаго, Мумбаи, Монтреал, Маракеш, Тајпеј, Акра.