дома информација вест Француските владини и здравствени службеници ќе одговараат пред лицето на правдата поради...

Француските владини и здравствени службеници ќе одговараат пред лицето на правдата поради бавниот одговор кон епидемијата

Француските владини службеници вклучително и министерот за здравство ќе одговараат поради ненавремена рекација кон пандемијата

509
0

Француската полиција денеска изврши претреси во домовите на некои владини и здравствени службеници, како дел од истрагата за нивните постапки за време на пандемијата на корона вирус.

Меѓу нив се и министерот за здравство Оливие Веран и директорот на Националната здравствена агенција Жером Саломон.

На почетокот на оваа година, францускиот суд започна истрага за реакцијата на владата на пандемијата, односно проблемите со недостаток на опрема и бавниот одговор на епидемијата.

Имено, лекарите и роднините на жртвите го покренале прашањето за кривичната одговорност на властите за небрежност за време на избувнувањето на пандемијата на корона вирус, а истрагата е покрената во јули, пишува Би-Би-Си.