дома информација вест Франција повторно на мета на терористите: Уште еден случај на тероризам во...

Франција повторно на мета на терористите: Уште еден случај на тероризам во неколку дена

488
0

Железничката станица Пар-Диу во Лион е евакуирана поради пријава за бомба, а во тек е полициска акција, соопшти полицијата, додавајќи дека едно лице е уапсено.

Локалниот весник „Ле Прорес“ во Лион објави на својата веб-страница дека жена која носела неколку торби се заканувала дека ќе се разнесе и извикала „Алаху Акбар“.

Екипата за деактивирање на експлозивни направи е на лице место и врши проверки, а околу станицата полицијата и армијата формирале кордон и го затвориле приодот.

Железничката компанија СНЦФ на Твитер потврди дека сообраќајот околу Лион е прекинат.

Политичарот Дамијан Абад на Твитер изјави дека планира да оди со воз до Лион, но дека тоа е невозможно поради „заканата од бомба“.

Новинарот Џулиен Дамбоа изјави дека патниците го оставиле багажот и побегнале од станицата.