Филмот „Quo Vadis, Aida?“ во режија на Јасмила Жбаниќ денеска во Европскиот парламент беше прогласен за добитник на наградата LUX – Европската филмска публика.
Наградата LUX ги заменува поранешните EFA People’s Choice Award и Lux Prize, и беше заеднички лансирана од Европскиот парламент и Европската филмска академија во септември 2020 година.
За најдобар европски филм минатата година беше прогласен „Quo Vadis, Aida“, а Жбаниќ за најдобар режисер.
Филмот освои бројни награди и беше номиниран за Оскар.