И покрај тоа што најголем дел од јавноста очекуваше воведување на полициски час како мерка за спречување на ширење на епидемијата, сепак нема најави за воведување на полициски час во блиска иднина.
Министерот за здравство истакна дека моменталните мерки се димензионирани да го спречат групирањето и се очекува да ги дадат посакуваните резултат.
Филипче истакна и дека се очекува стивнување на епидемијата поради намалување на факторот на преносливост на вирусот.