дома информација вест Филипче: Ги зголемивме термините за тестирање

Филипче: Ги зголемивме термините за тестирање

По повод реакциите за немање на термини за тестирање во јавноста, министерот за здравство објави дека е дадено соодветно решение

543
0

На својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче напиша дека се зголемени капацитетите за тестирање за време на продолжениот викенд.

Покрај тоа болничките сместувачки капацитети се подигнати за два до три пати.

Интегралната објава на министерот во продолжение:

Ги зголемуваме термините, но и бројот на тестови за ковид-19. Дадовме насока на сите лаборатории за време на празникот и викендот да има дополнителни термини и да нема намалување на бројот на тестирања. Од денеска, за двојно ги зголемуваме и болничките капацитети. Со ова, значајно се зајакнува бројот на кревети за два до три пати. Но, целта не е да се исполнат болничките капацитети, туку со мерките кои стапија на сила и законските измени кои треба да поминат наредната недела со задолжително носење на маска и ограничување на собирите ќе ја намали епидемијата во земјава.