Ден пред влезот во 2026 година, данските поштарите за последен пат ќе достават класични писма, со што симболично ќе заврши традиција долга повеќе од четири века. Оваа одлука е резултат на драстичниот пад на испраќањето писма и целосната доминација на дигиталната комуникација.

Данската пошта соопшти дека на 30 декември 2025 година ќе се изврши последната достава на писма, затворајќи едно значајно поглавје во историјата на комуникацијата меѓу граѓаните. Во изминатите 25 години, бројот на испратени писма е намален за повеќе од 90 проценти, бидејќи електронската пошта и онлајн платформите речиси целосно ја заменија традиционалната кореспонденција.

Поради овие промени, компанијата PostNord – формирана со спојување на шведската и данската поштенска служба – најави укинување на околу 1.500 работни места во Данска. Истовремено, поштенскиот систем сè повеќе се насочува кон достава на пакети, како резултат на растот на интернет-трговијата и променетите навики на потрошувачите.

Како симболичен крај на една ера, данската пошта ги понуди на продажба препознатливите црвени поштенски сандачиња. Сите илјада беа распродадени за само три часа, а собраните средства се наменети за хуманитарни цели.

Иако класичните писма исчезнуваат од секојдневието, тие остануваат дел од колективната меморија – како симбол на лична комуникација, рачно напишани пораки и време кога поштарот имаше посебно место во општеството.

Фото извор: Unsplash.com