Еврејската култура се залага за начин на воспитување заснован на пофалби на децата и малку поинакви принципи од оние на кои сме навикнати.
Поради правилата кои строго се почитуваат, децата кои растат почитувајќи ги овие правила, прераснуваат во самоуверени и успешни луѓе.
Еве неколку златни принципи:
- Не создавајте сложени деца
Никогаш нема да му кажат на своето дете – не си го направил тоа добро, тие наместо тоа ќе кажат – како може добро дете како тебе да направи нешто толку погрешно?
„Моето дете нема и не може да има мани“ – ова е ставот на мајките Евреи.
- Разумна слобода
Современото еврејско воспитување комбинира две навидум контрадикторни работи: слободата на детето и строгите правила.
Родителите нема да полудат ако детето направи некоја беља, но детето добро ќе знае до каде може да стигне. Со кажување и објаснување се постигнува добар баланс во образованието.
- Пофалете го вашето дете колку што е можно почесто
Родителот треба да го пофали детето и за најмалите достигнувања. Ако се обидеме да ги забележиме сите добри работи кај децата, вклучувајќи ги и „малите нешта“, и да ги охрабриме во секоја прилика, тоа може радикално да го промени нивното однесување.
За да им ја зајакнете желбата за успех и да им ја зајакнете самодовербата, дозволете им да „прислушуваат“ и да слушаат кога ги фалите на вашите пријатели. Ова ќе има исклучително позитивно влијание врз нив.
- Со нивниот пример тие ги учат децата што е добро
Децата го имитираат она што го гледаат, затоа родителот мора да биде добар пример.