Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.

Едно од тие отсуства на кои работникот има право на надоместок на плата е отсуството во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда.

Работникот има право на надоместок на платата за целото време на отсуство во случаите и во траење определени со закон, како и во случаите кога не работи од причини на страната на работодавачот.

Едно од тие отсуства на кои работникот има право на надоместок на плата е отсуството во случаи на времена неспособност за работа поради заболување или повреда.

НАДОМЕСТОК НА ПЛАТА

Осигуреното лице има право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, под услов ако се работи за осигурено лице кое има засновано постојан работен однос – лице во работен однос (осигурени лица од член 5 став 1 точките 1,2 и 3 од Законот за здравствено осигурување).

Осигурениците можат да остварат право на надоместок на плата ако се исполнети следните услови за остварување на правото на надоместок на плата согласно законските прописи и тоа:

1. Ако здравственото осигурување по основ на работен однос траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на случајот, поради кое се стекнува правото
2. Придонесот за задолжително здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задолцнување од најмногу 60 дена
3. Оценката за привремена спреченост од работа да ја дал избраниот лекар односно лекарската комисија на Фондот

Правото на надоместок на плата на товар на Фондот се остварува врз основа на поднесено барање за привремена спреченост за работа поради болест и повреда односно барање за привремена спреченост за работа поради бременост и раѓање.

Надоместокот на плата за првите 21 ден спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства.

Надоместокот на плата над 21 ден е на товар на средствата на задолжителното здравствено осигурување и го утврдува и исплатува Фондот за здравствено осигурување.

Од првиот ден на спреченост за работа, надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот ако се работи за нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање на крв, ткиво или орган и во случај на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.