Со наближувањето на Бадник, многу домаќинки веќе прават пресметки колку средства ќе им бидат потребни за да подготват скромна, но традиционална посна трпеза.

Иако цените на основните прехранбени производи се разликуваат од маркет до маркет и од пазар до пазар, направивме ориентирна пресметка врз основа на моменталните просечни цени.

За една едноставна Бадникова трпеза, најчесто се купуваат следниве намирници:

  • 1 килограм ослиќ – околу 150 денари
  • 1 килограм грав – околу 100 денари
  • 1 литар масло – околу 90 денари
  • 1 килограм брашно – околу 50 денари
  • 1 килограм костени – околу 160 денари
  • 1 килограм портокали – околу 50 денари
  • 1 килограм јаболка – околу 60 денари (во зависност од сортата и местото на купување)
  • 1 тиква – може да се најде и за 50 денари
Ако се купи по еден килограм (или парче) од наведените производи, вкупниот износ изнесува приближно 710 денари

Оваа сума претставува основен буџет за скромна Бадникова трпеза, без дополнителни трошоци за зачини, ореви, суво овошје или готови посни колачи. За поголеми семејства или побогата трпеза, трошокот може лесно да се искачи и над 1.000 денари.

Сепак, и со ограничен буџет, традицијата може да се запази – затоа што, како што велат многумина, суштината на Бадник не е во богатата трпеза, туку во заедништвото, мирот и духовната подготовка за Божиќ.