Во рамки на Самитот во Тирана ќе се потпишат повеќе мултилатерални и билатерални договори за реализација на основните права за слободно движење на луѓето, производите и капиталот, како дел од зацртаните придобивки за поголема регионална соработка и унапредување на поврзувањето меѓу земјите од Западен Балкан.
Соработката меѓу Македонија, Албанија и Србија се продлабочува со денешното потпишување на:
- Договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан;
- Договорот за интерконекција за шемите за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан;
- Договорот меѓу владите на Албанија, Србија и Северна Македонија за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика;
- Билатералните договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност меѓу Северна Македонија и Албанија и меѓу Албанија и Србија.