Европската унија има намера да ги отвори границите за сите луѓе кои го завршиле процесот на вакцинација против коронавирус со одобрена вакцина или кои доаѓаат од земји кои се сметаат за епидемиолошки безбедни, пишува „Њујорк тајмс“.
ЕУ ќе прифати патници од трети земји вакцинирани со еден од средствата одобрени од Европската агенција за лекови или Светската здравствена организација.
Овие се моментално вакцините Вајзер-Бионтек, Модерна, Џонсон и Џонсон, АстраЗенека и Синофарм.
Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на денешната средба се согласија со предлогот на Европската комисија.
Списокот на безбедни земји врз основа на епидемиолошки критериуми ќе биде финализиран во петок, а новите мерки би можеле да стапат на сила веќе следната недела, велат европските официјални лица вклучени во процесот.
На состанокот во Брисел, дипломатите, исто така, се согласија да го зголемат бројот на нови случаи што може да ги достигне една земја пред да биде прогласена како несигурна.
Оваа промена, додаде тој, може да овозможи патување во ЕУ од повеќе земји.
Земјите-членки ќе имаат можност да ја усовршат одлуката, во случај да сакаат да одржат поостри епидемиолошки мерки, што значи дека некои европски земји се уште можат да бараат негативен тест за PCR или карантин при влез.
ЕУ исто така ќе има можност да го оневозможи патувањето повторно ако се појави заканувачка нова варијанта на коронавирусот.