Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, опишувајќи ги рускиот претседател Владимир Путин и плановите на Русија по референдумот во четири региони во Украина, рече дека „ако рускиот лидер замисли нешто, тој го прави тоа“.
Тој додаде дека е вознемирен од тоа што тие територии ќе бидат припоени кон Русија.
-Тоа може да се случи, бидејќи Путин, јас го познавам, ако замисли нешто, го прави тоа. Таква е ситуацијата. Затоа му придавам големо значење на нашиот разговор. Се надевам дека ќе го оставиме прашањето на точката што ја достигна и дека ќе преминеме на дипломатија – рече Ердоган, пренесува агенцијата Анадолија.
Турскиот лидер претходно изјави дека денеска очекува телефонски разговор со Путин, додека од Кремљ велат дека засега нема такви планови.
Нуклеарна војна – катастрофа
Турскиот претседател им рече на новинарите дека нуклеарната војна би била катастрофа и дека дипломатијата е најправилниот чекор.
– Трошоците за транзиција во нуклеарна војна се катастрофални. Не треба ни да размислуваме за тоа, а камоли да го декларираме. Дипломатско решение е најправилно – рече Ердоган.