Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 6 август заклучно со 2 декември.
За вакцинирани, објаснуваат од министерството, се сметаат лицата што се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
–Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 31 % биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19, велат здравствените власти.
Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69 % од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во период од 06.08 до 02.12.2021 од вкупниот број починати со ковид-19, 79 % биле невакцинирани, а 21 % примиле вакцина.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.