Загрижувачка е сликата особено на градскиот кеј каде драстичното повлекување се забележува и со голо око а појавата на зелените алги во овој период од годината се најдобар показател дека езерото трпи поради намалената количина на вода.
Инаку Охридското Езеро иако е на листата на УНЕСКО како светско природно наследство, се уште се третира како акумулација чиј потенцијал се искористува за производство на електрична енергија.
Освен Охридското Езеро голема загуба на вода летово се забележа и на Преспанското Езеро. Екологистите и тогаш го вклчија алармот, но не се изнајде решение за намалување на количината на вода.
Главен проблем е акамулација на езерата без да се води сметка за тоа дека тие се природно богатство и во нив има огромен број на животински и растителни жители.