Имено, истражувачите откриле дека жените кои повеќе спијат, се грижат за исхраната, пиеле витамини и минерали, редовно користат креми за навлажнување на кожата и ја одржуваат телесната тежина во нормални граници, изгледаат дури една деценија помлади од своите години.
Од друга страна, жените кои не се придржувале до овие животни навики изгледале постаро. Оваа студија покажа дека добрите навики ги намалуваат ефектите од стареењето дури и кај жените кои имале „посиромашна“ генетика, односно чии родители во староста имале значително поголем број на брчки и послаб тон на кожата.
- Ослободете се од овие грди навики
Потврдено е и дека сончањето и пушењето се најштетни за младешкиот изглед. Исто така, интересно е да се заклучи дека жените со прекумерна тежина ја намалуваат шансата да изгледаат млади кога ќе наполнат 50 години.
Причината за тоа е што прекумерната тежина во староста го нарушува целосното здравје.
– Студијата дефинитивно покажа дека младешкиот изглед во зрелоста најмногу е условен од начинот на живот и надворешните влијанија, додека генетиката има многу мало влијание – изјави д-р Фрок Нојсер, еден од главните истражувачи на овој проект.
– Генетиката е пресудна само кај оние жени кои природно имаат посува кожа. Како резултат на тоа, тие имаат 30 отсто помали шанси да изгледаат помлади во педесеттите години.