Официјално од денеска започнува попис на населението во Македонија.
Првата фаза од попишување на домаќинствата и становите почнува со дипломатско-конзуларните претставници и нивните семејства.
Денеска освен дипломатите ќе се попишуваат и иселениците, затворениците и бездомниците.
Останатиот дел од населението ќе се попишува од 1ви април, а предвидено е да заврши на 21 април.