Бугарија го прогласи 24 ноември за Ден на национална жалост.
Ова го соопшти вицепремиерот Галаб Донев, а причина за таа одлука се двете трагедии што ги погодија Бугарија и Македонија– пожарот во домот за стари лица во село Ројак и тешката автобуска несреќа на автопатот Струма.
Најмалку 45 лица загинаа во автобуската несреќа, а девет лица го загубија својот живот во пожарот во домот за стари лица.