Штрајкот на просветните работници започна на 11ти Април и влегува во третата недела. Барањето на просветните работници е да се изедначат платите во сите сектори по покачувањето на минималната плата на 18.000 денари.
Иако во текот на вчерашниот ден СОНК и Владата излегоа со соопштение дека е постигнат договор и дека ќе има ново покачување од 12% на платата на наставниците, денеска децата не беа примени во училишните клупи како би започнала наставата.
Според претседателот на СОНК, најголем број од синдикатните организации не го прифатиле постигнатиот договор и се изјасниле дека сакаат да го продолжат штрајкот.
Од вкупно 480 синдикални организации коишто се изјаснија, 388 беа да се продолжи штајкот, а само 83 беа за прекинување. Најголем дел од организациите кои беа да се прекине штрајкот се од детската заштита или градинките, а речиси сите наставници да се продолжи со штрајк. Советот на СОНК донесе одлука дека штрајкот во училиштата продолжува сè до наоѓање на заедничко прифатливо решение. Додека во градинките штрајкот се става во мирување и тие редовно ќе работат, изјавија од СОНК.
Засега нема одговор кога ќе се прекине штрајкот и пред се како ќе се надомести изгубената настава. Наставниците немаат одговор ни дали ќе се реализира матурскиот испит за матурантите кои учебната година ја завршуваат порано од другите ученици.
Учениците покажуваат отпор на идеата наставата да се реализира за време на викендите или за време на летниот одмор поради штрајкот на наставниците.