Во истражувањето учествувале повеќе од 570 луѓе, на возраст меѓу 17 и 25 години, кои одговарале на различни психолошки прашања, вклучувајќи ги и оние поврзани со менталното здравје.
Според резултатите, сестрите биле тие кои ги охрабрувале испитаниците да зборуваат поискрено и отворено за своите чувства, давајќи им поддршка и пооптимистички поглед на животот.
Професорот Тони Кесиди дошол до заклучок дека сестрите поттикнуваат поотворена комуникација и кохезија во семејството, што е основа на доброто ментално здравје.
Претходна студија на слична тема покажала дека децата кои пораснале со сестри стануваат пољубезни и посочувствителни од само децата или оние кои имаат само браќа.
Студијата откри дека тие прераснуваат во поамбициозни и независни личности и дека растењето со сестра влијае на формирањето на нивната личност, иако можеби не се свесни за тоа.