Често се води дебата за тоа како консумирањето алкохол влијае на здравјето. Јасно е дека злоупотребата на алкохол, односно неговото конзумирање во големи количини, во никој случај не е добро, но она што многумина ги загрижува е која е „безбедната“ дневна доза.
Новото истражување покажа дека 1,34 милијарди луѓе ширум светот конзумирале прекумерни количини алкохол во 2020 година, а анализата покажа дека пиењето алкохолни пијалоци не носи никакви здравствени придобивки, туку само ризици за групата млади луѓе на возраст од 15 до 39 години.
Кога станува збор за луѓе над 40 години, мали количини алкохол – да речеме една или две чаши, т.е. околу 100 милилитри црвено вино даваат некои здравствени придобивки, како што се намален ризик од кардиоваскуларни заболувања, срцев удар, дијабетес.
Истражувањето објавено во стручното списание „Лансет“ испраќа јасна порака:
Младите не треба да пијат, возрасните можат да имаат корист од алкохолот во мали количини, вели вишиот истражувач д-р Емануела Гакида.
Во овој поглед, препорачаната количина на алкохол за млади луѓе на возраст од 15 до 39 години е многу разумна и изнесува околу една десетина од стандардниот пијалок за мажи, а малку повеќе за жени – околу една четвртина од стандардниот пијалок.