Бугарската држава денес го чествува Свети Климент Охридски – сесловенскиот светец, научник, писател и просветител.
Меѓутоа, бугарското општество продолжува со својата националистичка и квазиисториска реторика.
Во денешните објави на бугарските медиуми можеме да прочитаме дека Свети Климент Охридски проповедал на старобугарски јазик, дека е еден од најзначајните автори кој пишува на старобугарски јазик, дека е Бугарин роден во југозападниот дел на Македонија…
Според оваа бугарска логика сите словенски јазици – рускиот, српскиот, хрватскиот, полскиот, украинскиот и други се старобугарски јазици.