дома информација вест Број на заразени расте, а Шведска ги олабавува мерките

Број на заразени расте, а Шведска ги олабавува мерките

Шведска е критикувана за својот „лабав“ модел на справување со здравствената криза

528
0

Швеѓаните одлучија да укинат некои мерки што ги донесоа уште во март, како што е специјална препорака за изолација на лица постари од 70 години и други ризични групи.

Собири на културни и спортски настани сега се дозволени за до 300 лица, додека претходно максималниот број на јавни собири беше 50, пишува „Франс 24“, пренесува Кликс.

Оваа нордиска земја сè уште е една од ретките што не препорачува да се носат маски, а причината е што, како што велат, маските создаваат лажно чувство на безбедност и со тоа ги поткопуваат напорите за одржување на физичката дистанца, што ја сметаат за најважна мерка.

Нивната влада сега се обидува да го прилагоди пристапот кон ограничувањата со воведување на насочени мерки. Затоа, беа донесени строги одлуки за Упсала, град кој стана главно жариште на корона вирус по враќањето на студентите.

Во главниот град Стокхолм, секојдневието е скоро исто како и пред пандемијата, рестораните и продавниците беа отворени цело време и никој не носи маски. Едно истражување покажа дека 80 проценти од Швеѓаните ги следат препораките дадени од експерти и се смета дека тоа е клучот за успехот.

Сепак, властите во Шведска претрпеа критики од дел од јавноста заради нивниот модел на борба против пандемијата, бидејќи првично бројот на смртни случаи во Шведска беше поголем отколку во другите европски земји.