Отсекогаш верував дека решенијата можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да ѝ простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија ако не најдеме компромис што ќе даде перспектива, изјави премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, за време на неговиот состанок со специјалниот пратеник на македонската влада за разговорите со Бугарија, Владо Бучковски, објави агенцијата „БГНЕС“.
Средбата се одржа во Софија, пред Борисов да замине за Брисел, каде што ќе учествува во Советот на Европа.
Со цел да се најде одржливо и трајно решение за преостанатите отворени прашања во билатералните односи, според Борисов, потребен е прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности.