Бугарскиот парламент го промени името на празникот 24 мај. Пратениците го изгласаа предлогот празникот да се нарекува Ден на Светите браќа Кирил и Методиј, бугарската азбука, образование и култура и словенската книжевност.

Првичниот предлог на ВМРО беше празникот да се нарекува Ден на бугарската писменост и култура. Помеѓу двете читања, пратеникот од редовите на Обединетите патриоти, Александар Сиди, направи редакција на предлогот, кој беше усвоен од водечката комисија.

Сегашното име на празникот е Ден на бугарското образование и култура и на словенската писменост.