Биткоинот денес за прв пат надмина 45.000 долари откако „Тесла“ објави дека ќе инвестира 1,5 милијарди долари во криптовалута.
–Елон Маск даде најсилна поддршка на биткоинот во историјата на криптовалутите, рече аналитичарот Мајкл Хјусон.
Маск, најбогатиот човек на светот, честопати ги фалеше биткоинот и крипто-валутите на Твитер, но ова е првпат толку голема група како Тесла да инвестира во биткоини.
Друга американска компанија, издавач на софтвер „МикроСтратегија“, купи биткоини за повеќе од една милијарда долари во последните месеци.
Брокерите го поздравија доаѓањето на толку голема компанија на пазарот.