Понекогаш не сакаме да пробаме природен лек затоа што често ни изгледа како нешто крајно невкусно. Мешавината од банана и мед, освен што ќе ви помогне при стомачни проблеми, кашлица и болки во грлото, сигурно ќе ги задоволи вашите сетила.

Потребни состојки:

– две лажички мед
– две средни банани со црни дамки
– 400 мл зовриена вода

Подготовка:

Најпрво излупете ги бананите и изгмечете ги со вилушка или лажица. Добро би било да го правите со дрвен прибор за јадење, бидејќи поради металот ќе потемни.

Потоа ставете ги бананите во тенџере и додадете зовриена вода во нив. Оставете да кисне околу половина час. Кога смесата ќе се олади, додадете мед.

Важно е да го додадете на крајот, бидејќи ако го измешате со врела вода, ќе ги изгуби лековитите својства.

Користете:

Пијте 100 милилитри од овој напиток четири пати на ден. Количината на состојки од рецептот е доволна за еден ден, а наутро направете нова тура. Првите резултати ќе ги почувствувате за пет дена!