Дана Ли Смит, нутриционист и доктор, откри која храна треба да се исфрли од исхраната по 30-годишна возраст, бидејќи предизвикува сериозни оштетувања на телото, влијае на дебелината и го забрзува стареењето!
Овошниот јогурт не заостанува многу зад сладоледот во однос на содржината на шеќер. Истото важи и за производите од брашно – колачи, пити, бисквити.
Газираните сокови треба целосно да се елиминираат. Не само што содржат вишок шеќер, туку и штетни бои кои можат да го зголемат ризикот од развој на малигнитет.
Списокот на намирници што не се препорачуваат по 30 -годишна возраст, вклучува и масно месо, сосови од соја и сирење, колбаси и виршли, маргарин, вегетаријански плескавици, конзервирано овошје, пиво и алкохолни коктели.
Избегнувањето на оваа храна ќе ни помогне да останеме во форма и да ја одржиме виталноста, а бонус е што ќе го забавиме појавувањето на брчките.
Докторот открил и која храна помага во одржувањето на здравјето и продолжување на младоста – лосос, ореви, боровинки, спанаќ, црвени пиперки и зелен чај.