Меѓународната организација на трудот (МОТ) смета дека вработените кои моментално ја извршуваат својата работа од дома мора да имаат подобра правна заштита, пишува Ал Џезира.
Агенцијата на Обединетите нации во извештајот процени дека 20 проценти од работниците во светот биле принудени да работат од дома на првиот врв на пандемијата во првите месеци од минатата година.
Пред пандемијата, околу 260 милиони луѓе работеа од дома, што е 7,9 проценти од глобалната работна сила.
Скоро 166 милиони од тие луѓе биле во Азија, пренесува агенцијата Хина.
Во Европа, земјите со најголем број работници кои работат од дома се Велика Британија, Холандија, Финска и Австрија.
МОТ во извештајот предупреди дека работниците кои работат од дома имаат послабо социјално осигурување.
Прописите за социјално осигурување честопати не се применуваат правилно, а многу такви работници дури и ги немаат затоа што се класифицирани како самовработени.
МОТ откри дека работниците кои работат од дома заработуваат значително помалку од другите, дури и кога се исклучени фактори како што се возраста, образованието и работата.
На овие работници треба да им се обезбедат фер плати, социјално осигурување и регулирано работно време, заклучи МОТ.