Вашингтон, Брисел – САД не сметаат дека Александар Лукашенко е легално избран претседател на Белорусија, изјави за РИА Новости претставник на Стејт департментот. ЕУ го има истото мислење .
Американски официјален претставник рече дека изборите на 9 август не биле ниту слободни ниту фер.
“Објавените резултати беа измислени и не го одразуваа легитимитетот. САД не можат да го сметаат Александар Лукашенко за легитимно избран лидер на земјата”, рече портпаролот на Стејт департментот, коментирајќи ја инаугурација на Лукашенко.
На 9 август се одржаа претседателски избори во Белорусија, на кои, според Централната изборна комисија, победи Александар Лукашенко со 80,1 процент од гласовите. Сепак, после тоа започнаа масовни протести затоа што опозицијата смета дека изборите биле украдени.
Извор: B92