Добропозната работна етика во Јапонија, било да настанала „доброволно и присилно“.
Но, колку и да се долговечен и вреден народ, со посебна филозофија на живеење, секако не се семоќни ниту имуни на проблемите кои го погодуваат целиот човечки род.
Голем дел на медиуми, вклучувајќи го и нашиот, често пишуваат за согорувањето на работно место (burnout), бидејќи најважно нешто е менталното здравје.
Како синдром-последица на прекумерното работење кој настанал во Јапонија е кароши (karoshi).
Имено, иако оваа состојба може да ги погоди сите луѓе, било каде на светот, Јапонците први му дале име. Феноменот „karoshi“ (過労死) буквално значи „смрт од прекумерна работа“.
Од нафтената криза во 1973 година, реструктуирањето на работата на Земјата со изгревањето на сонцето создало работна средина во која се работи повеќе од 70 часа и тоа се смета за „нормално“, дури и за чест.
Меѓутоа, во деведесетите години јасно се виделе разорувачките ефекти од тој феномен, со приказните за вработените кои биле пронајдени мртви во своите канцеларии, после прекумерното работење, или кои одлучиле да извршат самоубиство бидејќи повеќе не можеле да го поднесат пристисокот на работа.
Од тогаш јапонсите социолози и истражувачи започнале да го проучуваат овој култролошки феномен, за кој неодамна се верувало дека е едниствен за Јапонија. Инаку, Министерството за здравство на Јапонија во 1987 година правно го признало постоењето на „кароши“ како сериозен општествен проблем.
Соочена со пораст на бројот на смртни случаи и самоубиства, јапонската влада креирала телефонска линија за помош која прима помеѓу 100 и 300 повици секоја година. Официјално, јапонската влада регистрира околу 200 барата за кароши „повреда на работа“ годишно, иако некои активсти проценуваат до 10,000 смртни случи годишно од кароши.
Според Светската здравствена организација, прекумерната работа и стресот на работното место довеле до 745,000 смртни случаи од мозочен удар и срцеви заболувања во 2016 година. Тоа била првата глобална студија која анализира смртни случаи и болести поврзани со прекумерната работа.
Извештајот заклучил дека работата од 55 или повеќе часа неделно е поврзана со 35 % поголем ризик од мозочен удар и 17 % поголем ризик од срцеви болести. Уште еден загрижувачки факт објавен во студијата е дека смртните последици се случуваат и децении подоцна.