Постојат неколку варијанти на праски, но нивните хранливи вредности се многу слични. Праските се исто така многу богати со вода и освежителни и затоа исклучително погодни за консумирање на високи летни температури, пишува Живим.
- Здравје на срцето
Тие се богати со бета-каротин, претходник на витаминот А, кој е неопходен за здравјето на очите и кожата. Со оглед на тоа што се богати и со витамин Ц, помагаат за подобра асимилација на железото во организмот.
Витаминот Е што го содржат е ефикасен за спречување на формирање на артериски наслаги и развој на атеросклероза, а витаминот Б2 е корисен за здравјето на очите и кожата. Праската содржи и минерални соли како фосфор, магнезиум и калиум, што е особено важно за здравјето на срцето.
Поради високата содржина на влакна, праските помагаат во намалување на нивото на холестерол во крвта и го регулираат крвниот притисок.
Едно поголемо овошје обезбедува пет до девет проценти од препорачаната дневна количина на влакна за возрасен. И тука треба да се забележи дека кората на овошјето е најбогата со влакна.
- Енергија
Праската е богата со витамин Б3, кој учествува во многу метаболички реакции и е особено одговорен за производство на енергија.
Тие се најздрави и даваат најголемо освежување кога се јадат свежи, но од нив можете да направите и компот (внимавајте на количината на додаден шеќер), да ги додадете во каша или јогурт за појадок или од нив да направите вкусен густ сок.