Културата на работното место диктира како вработените се однесуваат, донесуваат одлуки и комуницираат едни со други додека се во канцеларија. Излишно е да се каже, но таа има големо влијание врз тоа како тие ја извршуваат работата и како се чувствуваат секој ден.
Позитивната култура води до среќни и ангажирани вработени и рекордно високи стапки на продуктивност. Но, ако сте заглавени во токсична работна средина, работите не се толку розови.
Една студија на Harvard Business School откри дека скоро половина од вработените кои искусиле девијантно однесување на работното место ги намалиле своите напори и направиле свесен избор да поминат помалку време на работа.
Уште попоразителен податок е тоа што 38 проценти од вработените намерно го намалиле квалитетот на својата работа.
Влијанието на лошата култура врз работното опкружување е сурово, а негативните последици од тоа ги следат вработените и надвор од нивното работно време.
Едно друго истражување покажува дека три од 10 испитаници рекле дека културата на работното место ги прави нервозни дома.
Но, и покрај тоа што лошите работни места се кобни за работниот морал и менталното здравје на вработените, тие сè уште се изненадувачки вообичаени во пракса.
Скоро 55% од вработените сметаат дека секојдневно се соочуваат со непријатни и потенцијално опасни услови за работа.