Јогуртот е пофален од нутриционистите како еден од најздравите пијалоци, поради големиот број здрави бактерии што ги содржи.
Јогуртот им помагаат на цревата подобро да ја сварат храната и да ја одржат рамнотежата на микробиомот, односно целиот „универзум“ на бактерии кои го сочинуваат нашето тело.
Микробиомот и неговото здравје се директно поврзани со варењето, тежината, имунитетот, па дури и менталното здравје.
Колку повеќе здрави бактерии во телото и колку се поразновидни, толку подобри ќе бидат функциите на телото.
Но, важно е кога пиете јогурт!
Многу луѓе пијат јогурт со појадок, бидејќи „добро оди“ со пецива, сендвичи или друга омилена храна за почеток на денот.
Но, за да може организмот да ги почувствува сите корисни својства на јогуртот, бактериите кои се во него мора живи да стигнат до тенкото црево.
Ако јадете нешто, а потоа пиете јогурт, тие бактерии ќе мора да почекаат додека не се вари храната и голем број од нив ќе бидат уништени од желудочната киселина.
Само многу мала количина на здрави бактерии ќе стигне до тенкото црево, поради што ако сте пиеле јогурт – нема да делува!
Кога пиете јогурт на празен стомак, тој не содржи толку многу киселина која ќе ги раствори здравите бактерии. Затоа најдобро е јогуртот да се пие на празен стомак, потоа брзо стигнува до тенкото црево и повеќето здрави бактерии остануваат во функционална состојба.
Ова правило не важи само за една група луѓе! Ако имате стомачни проблеми, како хроничен гастритис, прво појадувајте или друг оброк, а потоа почекајте еден час и потоа испијте шолја јогурт.