Една година по 250-от роденден на Лудвиг Ван Бетовен, неговата 10-та Симфонија, која е завршена со помош на вештачка интелигенција, ќе има премиера во Телеком Форумот во Бон.
Луѓето и машините работат рака под рака
За да ја одбележи 250 годишнината од раѓањето на Бетовен, Дојче Телеком во пролетта 2019 година организираше тим од меѓународни музички експерти и експерти за вештачка интелигенција да ја довршат недовршената 10-та Симфонија на Бетовен со помош на вештачка интелигенција.
Експериментот кој беше тема на дебата имаше за цел да одговори на прашањето – дали алгоритмите можат да бидат креативни и да ги заменат луѓето во уметноста.
Приказната за 10-та Симфонија
Кратко пред смртта, Бетовен започнал да работи на 10-та Симфонија, дело кое останало недовршено.
Под водство на Др. Матијас Родер, Директор на Карајан институтот, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Вештачката интелигенцијаБетовен“ која „го разбира“ стилот на овој славен композитор.
Вештачката интелигенција „работеше“ не само со композициите и белешките на Бетовен за 10-та Симфонија, туку и со дела на други композитори и музичари кои докажано го инспирирале и влијаеле врз Бетовен за време на неговиот живот, како на пример Јохан Себастијан Бах.
Заедно со експертите, алгоритамот го продолжи последното негово недовршено дело. А композиторот Валтер Верцова, музичарите и нивниот диригент ги претворија овие ноти во жива композиција.
Вештачката интелигенција и уметноста
Уметноста беше последната станица до која вештачката интелигенција немаше пристигнато. Се сметаше дека токму уметноста е специфично врзана со постоењето на човекот како авторефлексивно суштество.
Но овој пример, кој е само почетен, докажува дека ВИ се насели и во светот на уметноста.