Папагалот не можете да го гушнеше, да го изнесете на прошетка и да имате бројни социјални активности со папагалот – милениче.
Поради тоа што е птица, има помалку антропоморфен карактер од на пример кучето, кое исто така е едно од најчестите домашни миленичиња, па поради тоа и се смета дека врската на човекот со папагалот може да е помалку длабока.
Сепак папагалот е благородно домашно милениче од кое имате кое имате многу придобивки:
Папагалите поздравуваат кога некој ќе се појави дома
Не мора да слушнете или некој да ве извести дека во вашиот дом влегол некој. Папагалите го регистрираат присуството на луѓето во своја близина и реагираат на него.
Реакциите на папагалот откако ќе научите да ги толкуваат ќе ви се најава дека во вашиот дом штотуку некој влегол.
Какарики папагаите ќе ве забавуваат со своите акробации
Тие се будилник
Папагалите се будат кога светлината ќе пробие низ прозорците и ги започнуваат своите дневни активности многу порано од вас.
Луѓето кои дома имаат папагали обично рано се будат токму поради пеењето и звукот што го продуцираат папагалите наутро.
Го забележуваат вашето отсуство
Ако ве нема подолго време дома, папагалите се склони кон депресивно расположение. Тие имаат најголема зависност од вашето присуство дома и веројатно намногу се радуваат на дом „полн со луѓе“.
Акробати
Не случајно во кафез на секој папагал се наоѓа лулашка. Папагалите се вешти акробати и често го истражуваат просторот околу себе. Тие ќе ја забележат секоја мала промена во нивниот кафез и ќе побрзаат да ја истражат.
Нивните акробации се бесконечно забавни.
Не ви одземаат многу време да ги намирите нивните потреби
Додека другите миленици ви одземаат многу време за да ги намирите сите нивни потреби, на папагалите е доволно да им посветите 10 минути дневно од вашето време – да ги нахраните, да им ја смените водата и да им го исчистите кафезот.