Нова студија која се занимава со можностите за наоѓање вонземски живот проценува дека би можеле да ја споделуваме галаксијата со повеќе од 30 интелигентни вонземски цивилизации, пишува порталот „National Geography“.
Едно од најстарите прашања во историјата на човековата мисла е дали има и други интелигентни форми на живот во нашиот универзум освен човечки.
Сепак, добивањето потврдни одговори отсекогаш било исклучително тешко. Новата студија од Универзитетот во Нотингем, објавена во „Списание за астрофизика“, користи нов пристап кон овој проблем.
Врз основа на претпоставката дека интелигентниот живот е формиран и на други планети на сличен начин како Земјата, истражувачите процениле број на интелигентни цивилизации на Млечниот Пат што хипотетички би можеле да стапат во контакт со нас.
Авторите проценуваат дека во нашата галаксија може да има повеќе од 30 активни интелигентни цивилизации. Во таа смисла, професорот по астрофизика од Универзитетот во Нотингем, Кристофер Конселис, кој го водеше истражувањето, вели:
Под претпоставка дека се потребни пет милијарди години за да се формира интелигентен живот на другите планети, како што се случи на Земјата, треба да има барем неколку десетици активни цивилизации на Млечниот пат. И додава:
Идејата е да се погледне еволуцијата, но на космичко ниво: оваа пресметка ја нарекуваме астробиолошка граница на Коперник (принцип).
Извор: Novosti.rs