Науката за исхрана не беше во фокус до пред некое време, а здравствените импликации од исхраната исто така беа непозната именка за поголем дел од луѓето низ светот. Со развој на медицината и процут на алтернативна, народна медицина, но и нутриционизмот, прашањето за исхраната стана едно од најпоставуваните во светски рамки.
Се поголем е бројот на портали, прирачници и книги за водење на здрав живот преку регулирање на исхраната.
Благодарение на нив успеавме да ги разбиеме митовите и заблудите за исхраната што долго време важеа како стандарди за исхрана.
Еве некој од најчестите митови и нивно побивање со вистината:
Портокалот и лимонот не се најголеми содржатели на витамин Ц
Витаминот Ц е еден од најзначајните витамини за правилно функционирање на човечкиот организам, неговата главна улога е помагањето на апсорбцијата на железо во крвта.
Долго време се сметаше дека најголеми содржатели на витамин Ц се портокалот и лимонот, но всушност истражувањата покажуваат дека сепак најголем содржател на овој витамин е кивито. Со само изедени две киви во текот на денот, ја задоволувате својата дневна потреба од витамин Ц.
Доручекот не е неопходен
Според ајурведата, доручекот не е најважниот оброк од денот. Напротив пожелно е да се прескокне доколку не постои утрински глад. Отсуството на глад укажува на тоа дека во телото има доволна количина на токсини и дека внесувањето на храната може само да ја влоши состојбата со внесување на вишок токсини.
Ајурведата препорачува првиот оброк да се случи тогаш кога вашиот организам ќе го сигнализира тоа и ќе ви проработат рецепторите за глад.
Исто така се препорачува да јадете онолку колку што вашиот организам ќе побара и тоа што ќе го побара, бидејќи телото најдобро знае да пријави што во моментот му треба.
Нема мерка колку вода треба да испиете
Иако многумина зборуваат дека оптимален внес на вода во организмот е 2 литри, сепак препорачана количина не постои.
Луѓето треба да пијат онолку вода додека не ги исфрлат сите токсини од организмот. Критериум за проверка на застапеноста на токсини во организмот е бојата на урината. Во оној момент кога таа ќе стане чиста и проѕирна, значи дека сте внеле доволна количина на вода за тој ден.
Пиењето кафе е здраво
Долго време се претпоставувало дека најздравата навика што може луѓето да ја воведат е да ја заменат својата шоља на кафе со шоља – чај.
Сепак истражувањата покажале дека кафето има благороден ефект врз човечкиот организам. Некои од придобивките се: регулирање на работата на дигестивниот систем и поттикнување на работата на срцето.