дома животен стил Лекции од Карл Густав Јунг за здравјето

Лекции од Карл Густав Јунг за здравјето

2392
0

Карл Густав Јунг е еден од најистакнатите психоаналитичари и ученици на Сигмунд Фројд. Сепак тој основал поинаков пристап, методологија и правец во психологијата зборувајќи за колективно несвесно кое е детерминирачко и типизирачко за поединечното несвесно.

Во својата долгогодишна опсервација на психичките феномени, Јунг открил неколку важни лекции за здравјето на човекот, како и причините за честите заболувања кај луѓето.

Според Јунг најголем дел од болестите имаат психичка детерминанта и затоа за да е здрав човекот треба да живее во дослух со природата, односно да ги задоволува своите потреби и да не се инхибира во приуштувањето на задоволство.

Еве неколку клучни поенти:

  • За здрав начин на живот размислуваат најчесто болни луѓе

Оние кои се најмногу опседнати со здравјето и најчесто се заболуваат. Јунг открил дека психичкиот живот на човекот е спонтанитет и човек треба да го пушта своето несвесно да се изразува – преку сон, сексуален живот или уметност.

Доколку поединецот се инхибира и се труди да не направи грешка тој ќе ја направи. Прост тест – Кога сакате да одите на одреден начин и обрнувате внимание на своето одење, сигурно ќе погрешите или ќе се сопнете, кога го правите тоа спонтано и без да внимавате, има помала веројатност од пад или грешка во одењето.

Така е и со здравјето, колку повеќе се окупирате со здрав начин на живот, толку почесто ќе се заболувате и секоја мала непријатност ќе ја перципирате како болест бидејќи умот ќе ви работи целосно на детектирање на „проблемите“.

Концепт за здрав човек не постои и затоа луѓето не треба да се оптоваруваат со тоа да „изумат“ дефиниција за здрав начин на живот.

  • Болен човек кој не размислува за својата болест побрзо ќе закрепне

Болен човек кој не е оптоварен со својата болест побрзо ќе закрепне отколку болен човек кој постојано се труди да оздрави. Телото има механизми како да го врати организмот во еквилибриум, а доколку „свесното“ тоа го работи наместо него троши повеќе енергија која инаку му е потребна на телото да се рехабилитира самостојно.

  • Што е здравје, а што болест одлучуваме ние

Ако човек кој е потполно медицински здрав, го прашате „како е“, може да ви наброи десетици болести на кои се сомничи самиот тој и да ја преземе улогата на болен и обратно.

Човек кој е медицински болен може да се однесува како комплетно здрава личност. Што е здравје а што болест не одлучува само медицината, туку и општеството, но и самиот поединец.

  • Дали ќе бидете здрав или болен не зависи од вашата волја

Отсуството на волја да бидете здрави ве прави уште поздрави. Ако имате волја постојано да бидете здрави тогаш веројатноста дека ќе се разболите е поголема.

Заклучок: Се што треба да направите е да сте во дослух со вашите потреби и да ги задоволувате без разлика дали некој надворешен концепт ви сугерира дека тоа е исправно или не. Доколку некој има рецепт за потполно здрав живот, тогаш тој никогаш нема да се разболи, како и неговите најблиски. Таков човек не постои. Секој човек во одредено доба од животот има некоја болест, повеќе или помалку сериозна. Затоа болеста најсигурно се избегнува ако од неа не се плашиме и на неа не размислуваме.

Магдалена Стојмановиќ