Шегувањето е начин на кој луѓето додаваат забава во нивната меѓусебна комуникација.
Со помош на шегата и хуморот се победуваат некои тешки животни ситуации, се оформува нивното значење, но и се покажува вредносна позиција кон нешто.
По хуморот можете многу да процените за еден човек – неговата луцидност, интелигенција, добронамерност и секако неговиот однос кон вас.
Сепак често тоа што се презентира како шега, во суштина е обид за нешто друго – најчесто да се омаловажи или повреди некоја личност.
Во продолжение како да препознаете шега на која треба да реагирате, а кои шеги треба комплетно да ги игнорирате:
Шега која навредува
Кога поединец користи шега за да ви каже дека имате „голем нос“, тогаш веројатно тој нема намера да покрене позитивна енергија во друштво, туку да покаже доминација со тоа што ќе ве стави во улога на предмет на шегување.
Најдобар начин да се спротиставите на злонамерните шеги е да ги игнорирате и да не му дадете близок простор повеќе да ви се обрати.
Шеги кои се постојано на туѓа сметка
Тој што ја разбира моќта на шегата, најмногу се шегува на своја сметка. Но, оние кои постојано се шегуваат на туѓа сметка во суштина ја користат шегата да ја креираат перепцијата за другите луѓе, избегнувајќи самите да подложат на критериумите што тие ги воспоставуваат.
Преку шега некој ви го кажува своето мислење за вас
Го знаете она – во секоја шега има пола вистина. Имајте го на ум кога ќе добиете критика или забелешка, а потоа луѓето ќе се исправат со тоа што ќе ви кажат дека тоа било само шега.
Веројатно не се доволно храбри отворено да покажат аверзија кон вас, па се трудат да ја обликуваат во обланда.
Шега преку која некој ви ја „мери“ реакцијата
Ако некој ви каже дека надвор „Врне“ како би ве навел да излезете на прозорец и да видите дали навистина врне има за цел да ја мери вашата – доверба кон неговите зборови, вашата моќ да препознаете дали неговата изјава соодветствува со фактите и секако вашата лековерност.
Што и да е намерата, вешто избегнувајте ги луѓето кои се шегуваат со вас на таков начин.