Интернет средбите влегоа во деловниот свет преку големи врати оваа година.
Заради пандемијата на корона вирусите, деловните разговори мораа да бидат префрлени од канцелариите во виртуелни простории, поради што многу луѓе се запознаа само со овој вид комуникација само во 2020 година.
Дури и кога конечно запре целиот овој хаос околу вирусот, многу е веројатно дека дигиталните состаноци ќе останат дел од светската деловна култура.
Комуникацијата во деловниот свет значително се промени, а контактот помеѓу соработниците се базира на гледање на ликот на екранот и слушање на гласот со помош на слушалки.
Тоа од една страна ги олесни процедурите и времетрањето на подготовката за состаноците, но од друга страна донесе многу флуентни договори кои се подложни на брзо менување поради недостаток на доверба помеѓу преговарачите и сораотниците.
Дигиталната комуникација придонесува да се првават „меки договори“ кои се подложни на ревизија и кои не се разбрани сериозно токму поради тоа што не се направени во канцеларија, туку преку екран и слушалки.