Често ја слушаме фразата „Немам време“. Тоа е предупредување кое им го даваме на луѓето дека го почитуваме сопственото време и дека не сме расположени да безделничиме и да го трошиме сопственото време.
Исто така фразата „Немам време“ ја употребуваме со цел да укажеме дека имаме организиран ден полн со обврски кои брзаме да ги стигнеме и да ја исполниме нашата „чек листа“.
Но луѓето кои немаат време, во суштина имаат многу повеќе време од оние кои сметаат дека имаат време за сè:
Во мал временски период постигнуваат поголеми резултати
Додека луѓето кои сметаат дека имаат време бесконечно ги одложуваат своите обврски, луѓето кои немаат време, се свесни дека е потребно да постигнат многу во единица време. На тој начин тие повеќе се ангажирани, поисполнителни и веројатно поуспешни од луѓето кои го имаат целото време на светот.
Луѓето кои немаат време во суштина се многу организирани
Да кажете дека немате време не значи дека не сте го организирале правилно вашето време, туку дека сте организирале толку прецизно што секоја дополнителна деклинација од организацискиот план, ви троши време кое треба да го предвидите за активности кои сте ги пресметале и ставиле за приоритетни.
Одлучни се
Ако добиете одговор дека некој нема време да испие кафе со вас од социјални причини, имате работа со човек кој е доста одлучен и кој знае што прави во животот. Не значи дека сака да ве избегне, туку дека има план од кој не отстапува. Заедничкото кафе со луѓе кои „немаат време“ можете да го пиете само кога ќе влезете во нивниот дневен план.