дома животен стил Замислете го светот без огледало?

Замислете го светот без огледало?

990
0

Се вели дека едно од најреволуционерните отркитија на човештвото е токму огледалото.

Огледалото овозможува да се зголеми опсегот на видокругот и да се погледнат нештата и од друга страна, освен тоа најважно е што огледалото ви дава можност да се видите самите себе.

Дали сте замислиле каков би бил светот доколку не постојат огледала?

Никој не би можел да се види себе си како изгледа, перцепцијата за тоа како изгледа вашето лице ќе биде заснована на тоа што другите ви го кажуваат за вашите очи, уста и црти или доколку успеат да ве насликаат.

Но дури и сликата би била статична и фиксна, не би можеле да ги видите сите свои гестови, фацијални експресии и движења.

За разлика од портретите, огледалото ви овозможува посебна динамика во себезапознавање.

– Зборот „рефлексија“ има корен во латински јазик и значи одраз во огледало кое искривува

Дали сте знаеле дека:

-Oгледалата кои ги користеле луѓето во Антички Рим давале целосно искривена слика за тој што си го гледал својот одраз. Тие или претерано издолжувале или ги минализирале телата на луѓето.

-Во манастирите нема огледала бидејќи се верува дека човек кој поминува премногу време пред огледало и се врти кон себе, ја занемарува според теолошките сфаќања единствената реална врска на човек со Бог.

-Со помог на фокусирање на сончев зрак во цигара, може да запалите цигара, испечете јајца или сварите кафе!