Споредбено со 2000 година, новите статистички податоци собрани во 2018 година покажуваат дека бројот на новородени деца во вонбрачните заедници пораснал за 17%, согласно податоците на Евростат.
Во нашиот регион најголем број на вонбрачни деца има во Бугарија, а нивниот процент изнесува 58,5%, по што следува Косово со 38,7% и Србија со 26,8%.
Во Македонија бројот на вонбрачни деца изнесува 12,1% согласно податоците собрани во 2018 година и се забележува раст во споредба со 2000 година која вкупниот процент на деца родени во вонбрачни заедници изнесувал 9,8%.
Ваквиот тренд покажува дека се помалку луѓе се одлучуваат на бракови и како форма на заедништво ја одбираат вонбрачната заедница, или бракот веќе не претставува услов за раѓање и одгледување на деца, како во традиционалните форми на заедништво.
Овие податоци покажуваат дека традиционалните форми на заедништво се напуштаат масовно и во ЕУ но и во Македонија.
Извор: МИА