Исто како што постоењето на црни дупки пред нивното откривање беше предвидено со општата теорија на релативноста, така беше предвидено и со формирањето на бозонски ѕвезди.
“Општата теорија на релативноста предвидува постоење на бозонски sвезди кои можат да имаат милиони сончеви маси. Со оглед на тоа што тие имаат некоја сличност со црните дупки, група научници веруваат дека бозонските sвезди, а не супермасивните црни дупки, би можеле да бидат во центарот на галаксиите” – изјави астрофизичарот Хектор Оливарес од Универзитетот Радбуд во Холандија и Универзитетот Гете во Германија.
Во нивното најново дело, Оливарес и неговите колеги пресметале како може да изгледа бозонска sвезда кога се гледа преку телескоп и како таа ќе се разликува од сликата на хоризонтот на црната дупка. Имено, ваквите sвезди по изглед се слични на црните дупки затоа што се проѕирни, односно скоро невидливи, пишува Science Alert.
Извор: Канал5