Ликвидноста на македонскиот пензиски фонд е извор на многу проблеми за македонската економија.

Имено земјава паѓа во големи финансиски долгови кон ММФ поради обврската за исплата на пензиите и полнење на пензискиот фонд.

Како решение за ликвидноста на македонскиот пензински фонд, ММФ препорачува зголемување на старосна граница на пензионирање.

Владата на Македонија, досега ветуваше дека до зголемување на старосната граница нема да дојде и дека како и до сега мажите ќе се пензионираат на 64 години, а жените на 62 со услов – претходна работа во времетраење од 15 години.

Сепак, овие старосни граници ги оптеретуваат пензискиот фонд поради демографските проблеми, економијата, но и актуелната криза со КОВИД19.

Исто така прашање за дискусија е дали жените треба да се пензионираат поскоро од мажите со однос на тоа што статистички гледано жените живеат подолго време од мажите и нивното порано пензионирање ги руши принципите на еднаквост.

Во многу држави низ светот старосната граница за пензионирање е иста за мажи и за жени.